656
Актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин, ги проби своите рекорди и освои 76,6 отсто од гласовите на претседателските избори. Според Централната изборна комисија на Русија, за Путин гласале 52,6 милиони избирачи, што е негов личен рекорд.
Со ова Путин доби уште еден претседателски мандат и ќе владее со Русија во наредните шест години.
„Овие резултати се знак на доверба и надеж. Ова значи дека народот го цени она што го работиме. Ова е голема доверба и признание за она што е постигнато во изминатите години, покрај тешките услови. Ви благодарам што бевте покрај нас, ќе се трудиме да оствариме уште подобри резултати“, рече Путин пред насобраната толпа на Црвениот плоштад во Москва и ги повика граѓаните да го сочуваат единството.