Пунто удри во оградата на мостот „Гоце Делчев“, еден загинат

by Фокус

Сообраќајна несреќа се случила утинава на мостот „Гоце Делчев“ кога возило марка „Пунто“ се удрило во оградата. Од силината на ударот оградата е оштетена а возилото за малку ќе завршело во реката Вардар.

 

soobrakajka_gd_1-670x417

На местото излегле противпожарни и полициски екипи кои констатирале смрт кај возачот, но и да го извлечат возилото на безбедно. Дополнително ќе се утврдува што навистина се случило и како возилото излетало од патот во оградата.

Поврзани новости