Пукотниците во Арачиново биле поради нерасчистени сметки

by Фокус

Врз двајца арачиновци вчера околу 17 часот било пукано откако враќајќи се од населбата Ченто со својот „мерцедес“ два други автомобили им го попречиле патот. Нападнатите претходно седеле во ресторанот „Сити“ во Ченто и наводно забележале дека ги следи извесен соселанец со кого не биле во добри односи, а наводно токму тој управувал со едно од возилата кое ги пресретнало и од каде било пукано.

Нападнатите некако успеале да стигнат до својот дом, меѓутоа пиштолџиите ги следеле и таму настанала мешаници во која роднините на нападнатите мавале со камења, а другите вратиле со огнено оружје при што повредиле три лица.

Двајца од повредените се хоспитализирани во Градската болница „Свети Наум Охридски“, а еден во Клинички центар Скопје. Од МВР соопштуваат дека  идентификувани се учесниците во инцидентот, при што приведени се Н.С.(50), Р.С.(45) и Г.С.(42) од с. Арачиново, додека по останатите три лица полицијата сѐ уште трага.

Поврзани новости