Пукано врз полицаец кај скопска „Мавровка“, погоден е во рамото

by Фокус

Кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје вчера во 23:30 часот било пукано врз полицаец кој не бил на должност и не носел униформа, туку приватно тргнал кон Старата скопска чаршија, информираа утрово од СВР-Скопје.

Полицаецот бил нападнат од двајца на улица „Стив Наумов“, улица која ги дели Мавровка и плоштадот „Скендербег“, по што бил погоден во рамото. Веднаш бил хоспитализиран, по што лекарите заклучиле дека се наоѓа надвор од животна опасност и го пратиле на домашно лекување.

Повеќе информации за инцидентот во текот на денот.

(фотографијата е архивска)

Поврзани новости