1
Вработена во прилепскиот Центар за социјални работи, денеска нешто пред 14 часот, во просториите на Центарот, била ранета од огнено оружје.
Таа веднаш била пренесена во прилепската болница и според првичната информација од директорот на Болницата, е во стабилна состојба, информира МИА.
Од службата за итна помош биле повикани во Центарот да укажат помош во 13:55 часот. Според началникот на Итната помош, Боше Милошески, 38-годишната социјална работничка има прострелна рана од куршум во стомакот.
Јавен обвинител и полицијата вршат увид во просториите на Центарот и наскоро најавија информации за случајот и напаѓачот, кој неофицијално, подолго време ја демнел.