Пукање во Бутел, едно лице убиено

by fokus

Попладнево се случила престрелка во скопската населба Бутел 2, во која според информациите на „Фокус“, едно лице го загубило животот.

Пукањето се случило на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, а најверојатно било пукано од возило во движење.

Од МВР велат дека добиле пријава за слушнати истрели и дека на терен се излезени нивни екипи.

 

Поврзани новости