Пукање во болница во Чешка: Има мртви и повредени

by Fokus

Четири лица настрадаа во оружен инцидент во болница град на североистокот на Чешка.
Засега, нема конкретни информации за тоа кој е напаѓачот, ниту пак кои се жртвите.

„Раша тудеј“ известува дека оружениот инцидент се случил во градот Острава, дека има неколку жртви, најмалку четири, како и дека напаѓачот најверојатно е во бегство.

Според информациите од локалните власт, засега две лица се здобиле со тешки телесни повреди и дека се наоѓаат во критична состојба.

Припадниците на специјалната полициска единица стигнале на местото на настанот и во тек е евакуација на областа, објави британски „Експрес“, повикувајќи се на чешките медиуми.

Чешката агенција ЧТК наведува дека пукањето се случило во една од амбулатните соби во болницата.

Поврзани новости