Пукање од возило во движење во Чаир: Полицијата пронајде пет чаури, осомничениот приведен

by Fokus

Во утрински часови, жителите на скопската населба Чаир биле вознемирени од пукотници кои одекнувале на улицата „Цветан Димов“.

Според информациите од МВР, околу 08:00 часот било пријавено дека од возило „Ауди А3“ во движење биле испукани неколку куршуми во воздух.

Полициските екипи брзо реагирале, го обезбедиле местото и пронашле пет чаури од гасен пиштол. По спроведените истражни мерки, бил идентификуван и лоциран 23-годишниот А.Д. од Скопје, кој го управувал возилото.

Поврзани новости