Пукање од возило кон возило во Рашче, убиен е маж

by fokus

69-годишниот Ш.Џ. од Сарај е вчера застрелан во скопското село Рашче додека се движел со својот автомобил. Во Ш.Џ. било пукано од друг автомобил, а според неофицијални информации станува збор за џип со бугарски регистарски ознаки.

„На 25.04.2019 околу 15 часот на влез во с. Рашче-Скопје, додека Ш.Џ. (69) од с.Сарај-Скопје, се движел со патничко моторно возило „Голф 3“ со скопски регистарски ознаки, кон него било пукано од патничко моторно возило при што Ш.Џ. починал на местото на настанот. Извршен е увид од страна на Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости