Пукање на парада за Денот на независноста на САД

by Fokus

Вооружен напад се случи денеска во северно предградие на Чикаго на парада на прославата на Денот на американската независност, јавија локалните медиуми.

Парадата била прекината по десет минути, кога се слушнале истрели и настанала паника. Според „Чикаго Сан Тајмс“, неколку луѓе се повредени. Репортерот на весникот тврди дека видел „три крвави тела покриени со ќебиња“ и најмалку пет ранети.

Еден од очевидците изјавил дека слушнал околу 20 последователни истрели и поради тоа оценил дека „не можело да биде пиштол или пушка“. Истиот изјавил дека ги видел ранетите, меѓу кои и жена за која тврди дека не преживеала.

Властите соопштија дека пет лица се убиени, а 16 други се ранети. Полицијата на Хајленд Парк, северно предградие на Чикаго, соопшти дека и понатаму е „активен инцидент” и ги повика луѓето да се држат настрана.

Поврзани новости