Пукање на комеморација во Тексас- еден убиен

by fokus 09:36
09:36

Еден човек е убиен, а 14 се повредени откако лице од автомобил отворило оган во американскиот град Бејтаун воТексас.

-Тројца од ранетите се во критична состојба, а останатите се здобиле со повреди вон животна опасност, се вели во соопштението на полицијата.

Причините за пукањето се истражуваат.

Портпаролот на полицијата изјави за ТВ каналот Еј-Би-Си дека непознат маж отворил оган врз група луѓе кои присуствувале на комеморација, во чест на споменот на млад човек убиен дома пред неколку недели.

Поврзани новости