Пукал кон жител на село Грчец, го погодил со два куршуми во стапалото

by fokus

Вчера околу 10 часот лекар од амбулантата во Сарај пријавил дека кај него донеле педесет и петгодишен жител на село Грчец со две прострелни рани на левото стапало.

Истиот ден околу 09.40 часот пред мостот во с.Грчец лице од с.Раовиќ, скопско, со огнено оружје испукал неколку пати кон Ј.И., по што побегнал во непознат правец. На местото на настанот биле пронајдени две чаури и траги од крв.

Со возило на Итна медицинска помош, Ј.И. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани новости