ПЦЕР: Со парите за Панорамското тркало можеше да се изградат 300 станови

by Фокус

Партијата за целосна еманципација на Ромите и лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски, реагираат на трошењето на народните пари од страна на скопскиот градоначалник.

– Дали парите ги донел од дома од мајка му или ќе си игра со народните пари, со тие 18,3 милиони евра за Панорамското тркало можеше во градот да изгради 300 станови, од кои 200 да изгради во Шуто Оризари и сто во градот или да ги среди градските канализации. Сметаме дека е крајно неодговорно и безобразно однесувањето на власта со државни пари да прави што сака. Кај сте народе македонски да го спречите ова лудило на овие политичари – велат од ПЦЕР.

Партијата порачува дека ќе дојде ден кога Коце Трајановски ќе одговара за недомаќинско трошење на парите и за рушењето на „Космос“.

– Тој има голем удел во донесувањето на одлуката за рушење. Кога ќе одлучи судот во Стразбур во корист на „Космос“, тогаш ќе бараме да се конфискува имотот на Трајаноски ма и градоначалникот на Гази баба и на сите кои учестуваа во ова валкана игра – велат од ПЦЕР.

Поврзани новости