Психологот Хаџиевски: Немав намера да ги навредам децата со Даунов синдром, туку да укажам дека ги користат за политички поени

by fokus

Психологот Јове Хаџиевски вечерва преку својот Фејсбук профил се извини за објавата на слика на премиерот Зоран Заев со деца со Даунов синдром над која напиша „Конечно во друштво со интелектуално рампноравни на себе“ и рече дека тоа било во „погрешен контекст“.

-Мало објаснување:
Намерата не ми беше да ги омаловажувам децата со даунов синдром, туку да укажам на тоа како некој не бира ништо, па дури и децата со даунов синдром за да добие политички поени.
Јас сум работел со деца со даунов синдром и знам колку се тие емоционално топли и мили.
Но, во постот тие не беа цел, туку политичарот кој ги користи во свои себични политички цели.
Немам намера да се правдам … затоа и реков … намерата беше друга, очигледно контекстот што го одбрав беше погрешен.
ЈАС ЈАВНО СЕ ИЗВИНИВ!!!
Политичарот тоа нема да го направи!!!, напиша Хаџиевски.

Поврзани новости