Прво божикно обраќање на кралот Чарлс

by Fokus

Британскиот крал Чарлс и оддаде почит на неговата покојна мајка, кралицата Елизабета, во своето прво божиќно обраќање до нацијата откако стана крал, и зборуваше за неговата вера во човештвото во „време на голема загриженост и проблеми“ во светот

„Во време на големи грижи и неволји,поради војна, глад и природни катастрофи, или поради плаќање сметки и грижа за храна и топлина за семејството, тоа го гледаме во човечката добрина.

Говорот на кралот дојде на крајот на уште една хаотична година за Обединетото Кралство, по години на коронавирус и Брегзит.

Во текот на 2022 година . Обединетото Кралство смени тројца премиери за два месеци и сега се соочува со економска криза што принуди многумина да се свртат кон банките за храна и добротворните организации.

Чарлс III, кој дојде на престолот во септември по смртта на неговата мајка, која владееше рекордни 70 години, во својот говор им оддаде почит на хуманитарните работници , а на телевизискиот пренос беа прикажани и луѓе кои делат храна , како и вработени во болницата и спасувачи и негуватели.

74-годишниот Крал Чарлс кој предизвикуваше контроверзии кога беше принц поради цврсти ставови за различни прашања како што е животната средина, веќе изјави дека, како владетел, поретко ќе го искажува своето мислење во јавноста.

Неговата порака во неделата, која ја испрати додека стоеше пред новогодишна елка, е последната во низата традиционални сезонски пораки кои се испраќаат од 1932 година, кога тогашниот крал одржа радио говор.

Поврзани новости