Првите дози вакцини од Модерна во Бугарија ќе пристигнат во среда

by Fokus

Првата испорака на 2.400 дози вакцини против Ковид-19 од компанијата „Модерна“ ќе пристигне во Бугарија во среда, на 13 јануари.

-Американската компанија ги информираше претставниците на штабот за вакцинација за својата одлука преку видео-конференција, соопшти бугарското Министерство за здравство.

Во Бугарија во последните 24 часа има 753 нови случаи на коронавирус од извршени 9.871 тест.

Поврзани новости