Првата „бомба“ слави трет роденден

by Fokus

На денешен ден, пред три години, пукна правата бомба во јавноста. Имено, на деветти февруари 2015 година, тогашниот лидер на опозицијата, а денес премиер, Зоран Заев, на прес-конференција во партиското седиште во Скопје во присуство на голем број новинари и партиски симпатизери ги обелодени првите детали од долго најавуваната бомба.

Тој ги обвини тогашниот премиер Никола Груевски и тогашниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, дека по нивен налог биле прислушувани околу 20.000 граѓани. Исто така, истакна дека покрај прислушуваните опозиционери, новинари, има и министри од Владата, а бил прислушуван и претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

-Освен премиерот Груевски и Мијалков, прислушувана е комплетната политичка, судска, медиумска и бизнис елита во Македонија од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање, истакна Заев пред три години.

Поврзани новости