Прва средба на заедничката мултидисциплинарна комисија меѓу Македонија и Бугарија

by fokus

Согласно обврските за имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, на 2 и 3 јули, 2018 година, во Софија се одржа првата средба на Заедничката мултидисциплинарна Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

На средбата, како што соопшти денеска МНР, беа разгледани и утврдени начелата и методологијата за работа на Комисијата, согласно принципите за заемно разбирање и академска заснованост, како и досегашните позитивни европски искуства.

Работата на Комисијата беше поздравена и од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, која накусо присуствуваше на состанокот.

Договорено е следната средба да се одржи во втората половина на 2018 година, во Република Македонија.

Поврзани новости