Прва средба на ад хок телото за медиуми

by fokus

Денеска во 14 часот, членовите на ад хок телото ќе ја имаат првата средба во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), дознава „Мета“.

Љубомир Костовски, Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова ќе се сретнат со директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски, додека Горан Трпеноски се уште е на годишен одмор. Сите пет члена треба да се комплетни до 23 август.

Ад хок телото требаше да биде формирано до 19 август, но поради тоа што измените на Изборниот законик и Законот за медиуми беа објавени во службен весник со задоцнување од четири дена, за толку дена се пролонгира и неговото формирање.

Поврзани новости