Во организација на Меридијан Атлетик Кавадарци и Општина Кавадарци, вечерва ќе се оддржи првата ноќна градска трка по градските улици.
Според предвиденото, ќе се трча на 5, 10 и 21 километар, а трката ќе биде кружна.
Стартно целната рамнина ќе биде поставена на градскиот плоштад, ќе се трча по улиците Илинденска, Моша Пијаде и Тиквешко востание, а должината на еден круг изнесува 2,5 километри.
- Advertisements -
Почетокот на трката е закажан за во 19 часот.