Прв случај на коронавирус во Битола, Петровска повика жителите да бидат дисциплинирани

by Fokus

Во Битола е регистриран првиот случај на коронавирус, соопшти министерството за здравство.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска преку видеопорака им се обрати на битолчани и ги повика да бидат дисциплинирани и да не ја отежнуваат работата на стручните лица.

„Веќе сме град во кој е констатирано присуство на коронавирусот. Да се запрашаме колкумина од нас биле надвор од Битола, колкумина биле во близина на вирусот, колкумина не ги почитувале мерките за непотребно излегување и пиеле кафе по локалите наместо дома. Ова не е битка на етникум, партија, вера, ова не е битка на еден, на неколкумина и на неколку семејства, ова битка на сите нас. Ова е битка на човештвото“, – вели Петровска.

Поврзани новости