Прв случај на корона вирус во Берово

by fokus

Регистриран е првиот случај на заразен со корона вирус во Берово, покажа денешната најнова статистика за изминатото деноноќие.

Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.

Поврзани новости