Прв случај на гама-сојот во Босна

by fokus

Во Босна и Херцеговина кај странски државјанин е потврдено присуство на гама-сој на корона вирусот, потврди за балканскиот сервис на Радио Слободна Европа шефот на лабораторијата за молекуларно-генетички испитувања во Сараево, Теуфик Голетиќ. Станува збор за бразилскиот сој од корона вирусот.

Примерокот бил земен на 5-ти јули, а денеска официјално е потврдено дека е позитивен на гама-сојот од ковид-19. Голетиќ изјавил дека станува збор за странски државјанин кој бил во посета на БиХ. Тој додава дека гама и делта спаѓаат во групата на варијации на вирус кои што предизвикуваат загриженост.

-Кога станува збор за гама сојот, тој се разликува од другите варијации по тоа што, е помалку чувствителен на комбинација на некои антитела од една страна, а од друга страна успешно може да предизвика реинфекција односно повторно појавување на болеста кај оние кои веќе стекнале некаков имунитет на природна основа, односно веќе еднаш го прележале вирусот – рекол Голетиќ.

Поврзани новости