Прв прес на Диме Спасов по инцидентот, најави зголемување на пензиите

by fokus

Дополнителниот министер за транспорт и врски Диме Спасов, денеска, прв пат после сообраќајниот инцидент, одржа прес-конференцијата. На неа заменик министерот најави ново покачување на пензиите во декември.

-Со зголемувањето на пензиите за пет проценти што ќе се реализира во првата недела од декември, просечната пензија во Република Македонија ќе изнесува 13.750 денари. За споредба, во 2006 година просечната пензија во нашата држава изнесуваше околу 7.680 денари, изјави Спасов.

Заменик министерот рече дека во иднина ќе следат нови „реални и остварливи проекти за подобрување на животниот стандард во земјата”.

Спасов не се наврати на инцидентот и не кажа ништо за трите пријави против него, поднесени од МВР за сообраќајките и бркотниците што ги предизвика со службениот „туарег” под дејство на алкохол. Не ја коментираше ни денешната изјава на министерката Фросина Ременски која повторно обвини дека Спасов, во ноќните часови, неовластено го користел службеното возило на Агенцијата за вработување.

Поврзани новости