Прскање против возрасни форми комарци претстојниот викенд во Скопје

by Fokus

Авионската дезинсекција против возрасни форми комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе на 13 август (сабота) и 14 август (недела) во раните утрински часови, соопшти РЦУК.

Доколку временските прилики не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, како што се посочува, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските прилики ќе бидат поволни и тоа во истиот термин.

Од РЦУК ги повикуваат пчеларите навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите.

Поврзани новости