Прозборе осомничената за убиството во Дебар: Не ми даваа да се омажам за Италијанец

by fokus

Македонската полиција ги разјасни причините кои доведоа до грозоморното убиство кое се случи на 27 август во семејната куќа на семејството Поцеста.

Според наводите во весникот „Коха“, убиството го организирала нивната постара ќерка, 28 годишната Блерта Поцеста, кој по завчерашното апсење, признала дека е организатор на тројно убиство, но не и извршител.

Официјални извори од Министерството за внатрешни работи за Коха посочиле дека по спроведената истрага и по сослушувањето на обвинетата, утврдено е дека причина за убиството на 55 годишниот татко Амит, 53- годишната мајка Назмие и нејзината помала сестра, 13-годишната Анила, е што родителите не дозволувале таа да се омажи за нејзиното момче, италијански државјанин.

Обвинетата признал дека таа го организирала убиството, но не го извршила. Под истрага е и 33 годишниот Ферди Г. од Гостивар од кого бил купен пиштолот, кој пак бил во сопственост на неговиот 66 годишен чичко од Дебар, кои исто така се обвинети за убиството.

ОЈО Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица под сомнение дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар.

-Првоосомничената, жена на возраст од 28 години, е под истрага бидејќи постојат основи на сомнение дека сторила кривично дело – Убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик. За другите двајца осомничени, 31-годишен маж од Гостивар и 62-годишен жител на Дебар, постои сомнение дека и помагале во извршувањето со што сториле кривично дело – Убиство од чл.123 ст.3 во врска со чл.24 од Кривичниот законик.

ФОТО – КОХА

Поврзани новости