Полицијата во фирми на Камчев за долгот на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Во тек е полициска акција во неколку фирми поврзани со долгот од 400.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ за финансирањето на кампањата за последните претседателските избори.

Една од фирмите е фирмата „Монт“ која е дел од Орка Холдингот на бизнисменот Орце Камчев.  Другата фирма е „Горфактори“ од Шпанија за која многу малку се знае во јавноста. Обвинителството нема детали за акцијата. Иако од полицијата неофицијално тврдат дека имало акција и во „Полиестер деј“, од фирмата демантираат и тврдат дека утрово во оваа фирма немало никаква акција.

Ревизорите пред неколку недели ги објавија извештаите за претседателските избори, а СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска

„Тоа е спротивно на член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Затоа молчи ВМРО ДПМНЕ.Дали токму овој незаконски долг од 400.000 евра е причината што ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на прв човек на Државниот завод за ревизија?“, обвинија тогаш од СДСМ.

Владејачката партија неколку пати излезе со обвинувања дека токму Камчев преку негови фирми ја финансирал претседателската кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости