Процесот на набавка на вакцини е законски, без никакви провизии кои ги измислува ВМРО-ДПМНЕ, реагира МЗ

by fokus

Процесот на купување на вакцини е законски, без никакви недоследности или пак провозии кои ги измислува ВМРО-ДПМНЕ, тврди Министерството за здравство по информациите од ВМРО-ДПМНЕ дека Министерството уплатило 7,8 милиони евра на компанија од Хонг Конг за набавка на 200.000 вакцини.

-Исплатите кои Министерство за здравство ги врши се транспарентни и објавени на страницата на отворени финансии. Toa што Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска, го споделил пред медиумите, претставувајќи го како афера, или документ до кој дошол, е достапен податок на секој граѓанин кој би ја отворил страницата на open.finance.gov.mk Министерството за здравство уште од самиот почеток за време на водење на преговорите, набавката и текот на испорака на вакцините, транспаренто ги информира граѓаните за целиот процес. За законитоста на целиот процес, говори самиот факт што договорите, како и плаќањата на сите набавени вакцини поминуваат на затворена седница на Влада. Ова доволно кажува колку процесот за купување вакцини е законски, без никакви недоследности или пак провизии кои ги измислува ВМРО ДПМНЕ, се вели во дел од реакцијата на Министерството за здравство.

Тие ја потсетуваат јавноста дека опозициската партија во март објавила документ со кој тврдеше дека Министерството за здравство на 21 јануари, платило 12,5 милиони евра за набавка на вакцини. -Денеска со документ испринтан од сајтот на отворени финасии каде се сите исплати на МЗ тврди дека Министерството во февруари, платило 7,8 милиони евра за вакцини. Многу непрецизно за еден прецизен математичар како што милува да каже за себе претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, се додава во реакцијата.

Сепак порачуваат дека клучен сегмент од договорите за набавка на вакцините против Ковид 19 е тоа што секоја држава па и нашата се обврзува на доверливост на склучените договори и примените информации. -Сумите за набавка на вакцините против Ковид 19 се деловна тајна на производителите и нашата земја се обврзува да го почитува тоа, бидејќи во спротивно нема да бидеме во можност да купиме вакцини, додаваат од МЗ.

Мицкоски: Министерството за здравство уплатило 7,8 милиони евра на фирма посредник од Хонг Конг за вакцините

Поврзани новости