Против сопственикот на „Макоил“ и неговата ќерка поднесена прекршочна пријава

by fokus

Против сопственикот на „Макоил“ и неговата ќерка е поднесена прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир. Тие се пуштени од полиција откако утринава беа приведени затоа што се спротиставиле на отстранување на реклама поставена пред нивната бензиска пумпа.

Полицијата асистираше на барање на Град Скопје за отстранување на рекламата пред бензинската. Јовановски претходно кажа дека веќе подготвил терен за дислокација на рекламата, но од Градот инсистираа тоа да биде направено денеска.

Прекршочна пријава е поднесена и против уште двајца вработени во компанијата.

Поврзани новости