Против Груевски и неговото семејство не се пријавени никакви закани, Спасовски не му даде 20 телохранители

by fokus

Министерството за внатрешни работи го одбило барањето на екс премиерот, Никола Груевски, да му бидат доделени уште 20 телохранители. Министерот, Оливер Спасовски, изјави дека проценките укажуваат дека нема опаност по него и неговото семејство, поради што Груевски останува со шест телохранители кои му следуваат како поранешен премиер.

– Направивме проценки во БЈБ и УБК, анализирани се сите податоци и со оглед на тоа што неговото актуелно обезбедување од 6 лица до овој момент не пријавило никаква закана по него или по неговото семејство, нема никаква проценка дека треба да биде зголемен бројот на лица кои што го обезбедуваат – изјави министерот.

Инаку, Груевски како причина за барањето навел дека неговото безмалку десетгодишно вршење на функцијата го правел во турбулентен временски период, како и на фактот дека е пратеник во Собранието, каде е претседател на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Груевски навел дека телохранителите ги бара на неопределено време, сè додека има опасности по неговиот живот и личен интегритет.

Поврзани новости