„Протестирам“: Македонија е на нозе, се гледаме на улиците

by Фокус

Денеска граѓанското движење „‎Протестирам“ организира протести во девет градови во земјава. Во ‎Велес‬ протестот почнува во 18 часот кај кружен тек Авона, а во ‎Охрид‬ во истото време кај Чинарот.

Во ‎Кичево‬ во 18 часот протестот почнува пред Основен суд во ‎Кавадарци‬ во 18.30 пред катастарот, а во ‎Битола‬ во 19 часот на плоштадот Магнолија.

Во ‎Прилеп‬ во 19 часот кај Камената бина,  во ‎Радовиш‬ во исто време на плоштадот Свети Спас Радовишки, а во ‎Струмица‬ во 17 часот  во Малиот градски парк прво ќе има работилница, а од 19 часот протест. Во ‎Скопје‬ протестот е во 18 часот пред Специјлното јавно обвинителство.

„Македонија е на нозе, се гледаме на улиците“ – порачува „Протестирам“.

Поврзани новости