Протести во Сараево по најавата за затворање на рестораните: Купете вакцини

by Фокус

Неколку десетици граѓани се собраа вечерва пред зградата на Кантонот Сараево и изразија незадоволство од одлуката за ново затворање за време на викендот.

Скандирајќи „купете вакцини“, насобраните најавија дека и утре ќе се соберат во поголем број.

Протестот беше организиран преку социјалните мрежи, а собир најавија и неколку групи на угостители, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Како што вечерва најави премиерот на Кантон Сараево, Един Форто, од петок во 20 часот до понеделник во 7 часот наутро, поради влошената епидемиолошка состојба, ќе работат само аптеките, продавниците за храна и бензинските пумпи.

Трговските центри и угостителските објекти, пак, ќе бидат затворени.

Поврзани новости