Протести во Романија, повредени 445 лица и 30-тина полицајци

by fokus 08:28
08:28

Околу 15.000 луѓе синоќа, трет ден по ред, протестираа во Букурешт и другите романски градови против корупцијата и социјалдемократската Влада, барајќи оставка од премиерката Вјорика Данчило.

Протестите синоќа беа мирни, за разлика од првиот ден кога полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите во Букурешт, при што беа повредени 445 луѓе, од кои 30-тина полицајци.

- Advertisements -

Демонстрантите пред зградата на романската Влада извикуваа „Корупцијата убива!“, „Крадци, крадци!“, вееја романски, американски и знамиња на НАТО и на ЕУ.

Социјалдемократската партија (ПСД) на власт дојде во 2017 година и оттогаш во повеќе наврати се одржани мирни демонстрации. На почетокот од годината пратениците од владејачката партија изгласаа измени на Кривичниот закон, што предизвика загриженост на ЕУ и на Стејт департментот. Измените сега и разгледува Уставниот суд.

Лидерот на социјалдемократите Ливиј Драгне во јуни е осуден на 3,5 години затвор поради поттикнување на злоупотреба на положбата. Но, пресудата се уште не е конечна поради жалбата.

Демонстрациите почнаа во петокот вечерта со протест на Романците кои живеат во странство, со барање за оставка на Владата и распишување на предвремени избори.

Околу три милиони Романци живеат во странство и тврдат дека ја напуштиле земјата поради корупција, малите плати и недостиг на можности

Поврзани новости