Протести вечерва во шест градови низ Македонија

by fokus

„ До 18-ти јуни остануваат уште 9 дена. Одбројуваме и апелираме до власта нашите барања да ги сфати многу сериозно” – стои во повикот на Шарената револуција која вечерва ќе има протести низ шест градови низ Македонија.

Демонстрантите на Шарената револуција ќе протестираат во Струмица, Куманово, Гостивар, Ресен, Свети Николе и Битола.

На последниот протест во Скопје, „Шарената револуција“ даде рок до 18 овој месец да се исполнат нивните приоритетни барања Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство, како и да се запре прогонот кон демонстрантите.

По три дена пауза, утре ќе протестира и во Скопје.

Поврзани новости