Протести низ неколку градови, полицијата спречува слободно движење

by Фокус

Граѓанското незадоволство од власта, особено интензивирано по објавените снимки за прикривање на убиството на Мартин Нешковски, се прелева и низ другите градови. Освен во Скопје, започнаа протести и низ Струмица, Охрид, Куманово и некои други места.

Целта на граѓаните е единствена – власта да замине, а нејзините преставници да понесат одговорност. Не само морална и политичпка, туку и кривична, особено за настаните за кои зборуваат на аудиоснимките кои ги објавува опозицијата.

Низ сите градови каде што има закажано протести полицијата е силно присутна под целосна опрема и ги спречува граѓаните да протестираат што е забрането, односно се спречува нивното право на движење. Апелите на Народниот правобранител и професорите по право се дека власта со попречување на граѓаните го крши Уставот и законите.

За сега не се регистрирани инциденти, но протестие само што започнаа. Сите денешни собири се најавени како мирни.

Поврзани новости