Протестен перформанс: МТВ да биде сервис на граѓаните, не на власта!

by Фокус 14:55
14:55

Со симболично рушење на триметарски картонски медиумски диктатор и со симнување на розовите очила што секој од учесниците ги носеше на себе, започна протесниот перформанс на членовите на Платформата за граѓанска политика – АЈДЕ пред Македонската радио-телевизија, со цел да се упати порака дека националниот радиодифузен сервир треба да биде сервис на граѓаните, а не билтен и мегафон на власта.

– Колеги, одважете се и повратете си го суверенитетот што ви припаѓа  – им се обрати на новинарите од МРТ новинарот Зоран Бојаровски, според кого телевизијата е во сопственост на сите граѓани и не треба да заштитува и застапува интереси на определена политичка партија.

Граѓанската активистка Јана Коцевска, пак, истакна е време да се окупира зградата каде е сместена телевизијата, како што тоа студентите го напеавија со универзитетот.

- Advertising -

– Мислам дека е време, ние и новинарите заедно да влеземе во оваа „празна зграда“. АЈДЕ да ја окупираме. Студентите ни покажаа како тоа се прави. Тој пример ни покажа дека имаме сила да ги менуваме работите кои веќе долго време се движат во ќор сокак – повика Коцевска.

Билјана Бејкова, новинарка и граѓанска активистка му порача на актуелното раководство на МРТ дека многу скоро може да се соочи со кривична тужба од граѓаните.

– Јавниот сервис со начинот на своето функционирање и информирање сериозно го крши законот според кој наместо да биде владин пропаганден мегафон, треба да биде независен од кој било државен орган, да обезбедува постојано, вистинито, целосно, непристрасно, праведно и навремено информирање – рече Бејкова.

Поврзани новости