Протестен марш во Кочани: Нашите деца беа убиени од алчноста

by fokus

Семејствата, роднините и другаритр на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кoчани, заедно со стотици граѓани, денеска по третпат излегоа на протестен марш низ улиците во градот.

Семејствата чии блиски настрада во пожарот со слики од загинатите деца пешачеа од Паркот на револуцијата кон трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и Основниот суд.

Маршот беше насловен „Задоцнета реакција“, а родителите на загинатите рекоа дека полицијата не интервенирала навремено и побараа одговорност.

-Нашите деца беа убиени од алчноста, правдата мора да излезе на виделина, рекоа семејствата на загинатите.

Многубројните транспаренти испраќаа гласни пораки.

,,Пулс од 2012 до 2025, истрага од 2025 до 2038, судење од 2038 до ???”.

Во пожарот загинаа 62 млади и деца, а околу 200 беа повредени.

Поврзани новости