Протест за затворање на казината: Спас од странските криминалци кои по легален пат ја цицаат крвта на македонскиот народ!

by fokus

Групата „Граѓански собир” која е актуелна на социјалните мрежи, повикува на масовен протест на десетти октомври, со почеток од 16 часот, на плоштадот Македонија во Скопје.

На собирот ќе се протестирало против казината во земјава, односно како што информираат од групата, првин сите казина да бидат целосно прочешлани од УЈП, а потоа и затворени, со цел секој граѓанин да живеел во спокој и мир.

-Сите телевизии и портали ќе бидат информирани за нашата цел, дека на 10-ти октомври 2018 година, со почеток во 16 часот на ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА, во Скопје ќе има ГРАЃАНСКИ СОБИР и дека ќе се ПРОТЕСТИРА против КАЗИНАТА во Р.Македонија. За да бидат целосно, пред се, прочешлани од УЈП, а потоа да бидат засекогаш затворени и да живее секој граѓанин во спокој и мир! Значи, групата ,,Граѓански собир” ќе настојува да допре до сегашната влада на Р.Македонија, и да ја убеди дека тие казина во Македонија, освен зло и штета на граѓаните и државата, друго ништо не и носат корисно – известуваат од ,,Граѓански собир”.

Мотото на протестот е ,,Спас од лудилото наречено казино – цунами’’

-,,Граѓански собир” е група од повеќе граѓани организирани од целата држава. Целта наша не е да ве поттикниме на некаква си војна или предизвикување на немири во државава. Групата ,,Граѓански собир’’ има за цел да издејствува и допре кај надлежните органи за затварање на сите казина отворени во Р.Македонија! Тоа и ќе се обидеме со ваша поддршка да го сториме доколку сите заеднички и сложно се собереме на тој закажан протест на 10 Октомври 2018 година. Не смееме да дозволиме овој регуларен криминал да продолжи и понатаму да го пљачкосува овој народ! Се додека молчиме, се додека трпиме, се додека не кажеме еднаш за секогаш, доста е, постојано нашите најблиски, најсакани, најценети, најомилени, ќе бидат жртви на тој, со закон заштитен криминал! Затоа да бидеме цврсти и секогаш организирани за доброто на нашата држава, и секако нашите сакани – појаснето е во групата.

Најавата за протест чија цел е ставање на клуч на казината наишла на многу поддржувачи, но има и такви кои прашуваат што се казината виновни, бидејќи секој свесно и без присила влегува во нив.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=116959432586556&id=100028174996777

Поврзани новости