Протест против здравствените власти поради смртта на малата Тамара

by Фокус

Под мотото „Секое наше дете е Тамара“, денеска на пладне во Младинскиот парк во Велес ќе се одржи мирен граѓански протест, во знак на револт од односот на здравствените власти, на чело со министерот Никола Тодоров и првите луѓе на Фондот за здравство, Маја Парнаџиева – Змејкова и Џемали Мехази, кои дозволија да почине 10 годишната Тамара Димовска.

Организаторите на мирниот протест повикуваат протестот да биде мирен и достоинствен, без провокации, насилтво и говор на омраза, туку учесниците со црвен картон во рацете да побараат поднесување на морална одговорност за згаснувањето на животот на малото девојче.

И мајката на Тамата на социјалната мрежа фејсбук порача дека еден ден некој мора да одговара за смртта на нејзината ќерка.

Поврзани новости