Протест против загадувањето утре пред Собранието

by fokus

Нов протест за утре против аерозагадувањето организира младинското движење „ Петоци за иднината Скопје“.

Револтирани од не носењето на законот, движењето го закажаа во 15 часот пред Собранието каде ќе одржат перформанс со симболично седнување на улица. Протестот е насочен кон пратениците кои според нив го пролонгирале носењето на законско решение за увоз на отпад.

-Во ноември 2019-та од власта побаравме да донесе нов закон до крајот на годината. Пратениците почнаа да се занимаваат со овој ургентен проблем дури при крајот на јануари, и продолжуваат бараат изговори за да не го исполнат барањето. Овој протест е насочен кон нив, и затоа мора да се одржи додека се уште се во Собранието во петок, велат од младинското движење.

Поврзани новости