Протест против контролорите од ЈСП во Автокоманда

by fokus

Денеска со почеток од 16.30 часот, пред централата на ЈСП во Автокоманда ќе се одржи протест, против како што се вели, насилниците од ЈСП.

„Денот 9.2.2020 веројатно на повеќето луѓе не им претставува ништо, но на студентот Сирхан Усеин веројатно ќе му остане долго во сеќавање, за жал, по непријатната случка со којашто се соочи. Поради технички проблем на автобуската линија 53, сите патници биле принудени на напуштање на автобусот и преминување во друг автобус со истиот број. При влегувањето во автобусот најпрвин беше турнат и навреден од страна на друг патник, а хоророт допрва започна кога контролорите на автобусите директно се упатија кон него и му побараа билет, а откако утврдија дека има годишен билет како студент започнаа со физичко насилство и вербални навреди“, соопшти Усеин.

Преку овој протест:
1. Бараме отпуштање на двајцата контролори кои го нападнаа на Сирхан Усеин
2. Зголемена внатрешна контрола кој ќе го регулира
3. Бараме вработувања на Роми контролори.

Поврзани новости