ФОТО Протест пред Собранието, улицата поделена со полициски кордон

by fokus

Протест се одвива пред Собранието додека трае расправата за утврдување на нацрт амандманите внатре во парламентот. Протестот е во организација на иницијативата „Македонија блокира“.

Демонстрантите вејат македонски знамиња и бараат да се стопира процесот за уставни измени.

Улицата пред Собранието е инаку поделена со полициски кордон, па демонстрантите можат да ја блокираат само едната страна. „Македонија блокира“ ова го сфати како провокација од МВР и се закани дека ќе ја врати заштитната ограда на старото место.

Поврзани новости