Протест пред собрание: Се бара закон за амнестија

by Фокус 09:32
09:32

Граѓанската иницијатива за донесување Закон за амнестија на осудениците  денеска попладне ќе протестира пред Собранието на Македонија.

Информираат дека протестот е со цела да добијат позитивен одговор од претседателот на Парламентот за распишување граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање 10 илјади потписи за да се донесе Закон за амнестија во законски предвидениот рок.

- Advertisements -

Ако не биде одговорено на нивните барања, како што велат, ќе протестираат деноноќно се до добивање позитивен одговор од страна на претседателот Трајко Вељаноски.

Поврзани новости