Протест пред МВР – 660 полицајци бараат вработување

by fokus

Вкупно 660 невработени полицајци кои успешно ја завршиле едногодишната обука, по три месечно чекање излегоа на симболичен строј пред Министерството за внатрешни работи од каде јавно побараа од надлежните органи да бидат конечно вработени, објави А1 он.

– По доставеното барање до Министерството за внатрешни работи и други надлежни органи, јавно излеговме да побараме до истите органи да имаат предвид дека и по успешно завршената едногодишна обука во Центарот за обука при МВР во Идризово и неколку месеци поминати дома во чекање, нашето прашање за вработување се уште не е решен – рече Ѓоргија Коларовски.

Тие бараат согласно законотот, подзаконските акти и правнилниците, во најкус можен рок да им биде даден конкретен датум за започнување на работниот однос во МВР.

Невработените полицајци добија поддршка од Независниот синдикат на полицијата.

 

Поврзани новости