Протест на ВМРО „против реваншизмот и теророт на мафијата“

by Фокус

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се одржа деветиот протест, под слоганот „Против реваншизмот и теророт на мафијата“.

-Да престане теророт врз луѓето кои губат работа само затоа што се неистомисленици со власта или се поддржувачи на опозицијата – изјави партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Од протестот кој започна од Министерството за правда, а заврши пред Министерството за информатичко општество и администрација, тој ја повика и меѓународната заедница да ги следи ваквите појави.

Поврзани новости