Протест на власта и на СМК пред МВР

by Фокус

Стотици граѓани предводени од претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров одржаа мирен протест пред МВР и бараат оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Толпата е помогната од приврзаници на ВМРО ДПМНЕ и некои пратеници кои изразија незадоволство од постапувањето на полицијата во Бутел, на локацијата кде треба да се изгради крстот.

Забележително беше дека присутните пееја националистички песни со повремени националистички навреди. Според нив Спасовски бил должен да направи се што е во негова надлежност да го спречи сквернавењето на камен темелникот за крст во Бутел од страна на граѓани предводени од ДУИ.

Тодор Петров во обраќањето пред граѓаните рече дека иако се здобил со потрес на мозок по поставувањето на камен темелникот за крстот во Бутел, смогна сили да даде поддршка граѓаните масовно денес да излезат на протест. По завршување на протестот демонстрантите се повлекоа и не беа регистрирани инциденти.

Министерот Спасовски потенцираше дека немало најава за протестот и дека учесниците се собрани преку СМС пораки од партискиот штаб.

Поврзани новости