Протест на студентите по медицина

by Фокус

Со пароли „Не сме експериментални глувци“ „Учиме за да бидеме доктори, а не пациенти“, „Спасете ни го образованието“, „Увоз на реформи=извоз на доктори“, студентите по медицина денеска излегоа на протест пред Министерството за здравство.

Тие бараат средба со министерот Никола Тодоров во врска со измените н Законот на медицински студии, бидејќи како што велат досега во повеќе наврати испратиле барања за надлежните да им објаснат зошто е потребно да се полага државен испит кон крајот на втората и кон крајот на четвртата година.

Oдговор бараат и за тоа кои точно предмети ќе бидат опфатени и зошто студентите од Тетово или Гостивар, се праќаат на пракса на другиот крај од државата, во Гевгелија, без притоа никој да не се позанимава за нивните трошоци.

Студентите велат целта на нивниот протест е измена или укинување на овој закон, особено член 5 и член 6, и ги опфаќа студентите од прва и втора година, а студентите ги сметаат за несоодветни, нејасни и невозможни за остварување.

Протестот беше огранизиран на социјалните мрежи, а денеска на протестот тие добија поддршка и од професорите.

Фото: Нова ТВ

Поврзани новости