Протест на независниот полициски синдикат пред Владата

by fokus

Независниот синдикат на полицијата за денеска повика на јавен собир со почеток во 10 часот пред хотел „Вип“ (Саем) со барања за зголемување на платите, нов колективен договор во МВР, подобри права и услови за подобар живот.

„Барањата на НСП во врска со најавениот протест се: признавање на НСП како репрезентативен синдикат во МВР, нов колективен договор во МВР и шумската полиција, подобри услови и права за подобар живот, владењње на правото во МВР, стоп за пресметка со синдикалните претставници на НСП, стоп за незаконските прераспоредувања, покачување на платите за 25% во полицијата, шумската полиција, затворската полиција и судската полиција. На одржаниот јавен собир очекуваме присуство повеќе од 500 вработени во наведените институции“, соопштија организаторите.

Учесниците на протестот од хотел „Вип“ (Саем) во 10.30 часот ќе се движат кон ТЦ „Мавровка“ – „Веро Џамбо“ – „Црвен крст“- Републичко Собрание – крстосница „Палома Бјанка“- кон „Илинденска“ до пред Владата. Протестот е планиран да заврши околу 14.00 часот.

Поврзани новости