Протест и во Скопје против забраната на абортусот во Полска

by fokus 19:24
19:24

Подршшка на жените во Полска поради одлуката за целосна забрана на абортусот денеска дадоа македонските активисти, но и политичарки од опозицијата кои излегоа на протест пред амбасадата на Полска во државата.

Протестот, наречен „Црн понеделник“ (Black Monday), е во знак на поддршка на Полјачките.

- Advertisements -

moe-telo-moj-izbor-2-860x680

Демонстрантите со себе носеа транспаренти на кои пишува „Мое тело, мој избор“, „Надвор од мојата матка“ и „Солидарност“ и ги закачија на амбасадата.  Со ова тие се приклучија на протестите кои се случија во поавеќе градови во светот.

Инаку, доколку стапат на сила новите измени во Полска, сите абортуси би биле криминализирани и жените што би абортирале би се соочиле со затворски казни до пет години. Со затвор би се соочувале и медицинските лица кои би го вршеле или помагале абортусот.

Поврзани новости