Протече покривот на златниот театар вреден 40 милиони евра

by fokus 20:44
20:44

Протече таванот од новата зграда на Македонскиот народен театар во Скопје, јави СДК.МК.

Хаваријата се случила во фоајето под терасата што гледа кон Музејот на холокаустот, каде што врз теписонот е послан најлон.Најлон има од двете страни во фоајето под гардеробите, а како што се  гледа на една од фотографиите, вршени се поправки со гипс околу лустерите.

Од МНТ се уште не се достапни за коментар.

Инаку, новиот театар почна да се гради во 2008-ма година, а беше пуштен во употреба во 2013-та. Иако беше најавено дека ќе чини 6 милиони евра, по шестгодишните активности вредноста се искачи на 40 милиони евра.

Поврзани новости